Македонија
26. April 2017 - 12:06

Еве какво ќе биде времето за 1 Мај

До крајот на работната недела температурите ќе бидат во пораст, а од сабота ќе има зголемена облачност преку целиот ден. До вторник во попладневните и вечерните часови  ќе има локален дожд, кој краткотрајно можно е да биде пороен и проследен со ретка појава на грмежи.

Во недела ветерот ќе се промени во северен и тоа ќе услови спуштање на дневната температура за 4 до 5 степени во однос на претходниот ден. Од понеделник температурата повторно ќе биде во пораст.

За празничниот викенд дневната температура ќе достигне во сабота до 26, недела 21 и понеделник 24 степени.