Свет
7. April 2017 - 13:38

Еве какви мерки превзема Русија по ракетниот напад на САД во Сирија

Русија ќе работи на зајакнување на сириската воздушна одбрана, по нападот со крстосувачки ракети од страна на американската армија врз воздухопловна база во Сирија, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

- Русија ќе ја зајакне ефективноста на системите за противвоздушна одбрана со заштита на клучната инфраструктура во Сирија во блиска иднина, изјави портпаролот на Министерството, Игор Конашенков.

Минатата година Русија соопшти дека испраќа моќен систем за противвоздушна одбрана, С-300, во Сирија главно за заштита на руски воено морски објекти во сирискиот пристанишен град Тартус.