Македонија
16. December 2017 - 16:12

Еве како Груби, спротивно на Хан дека Законот за јазиците не е приоритет, успеа да ја изблокира амандманската расправа

Без благослов на ЕУ и САД, Артан Груби од ДУИ со деловнички маневри успеа да го протне законот за јазиците директно на гласање, без воопшто да има амандманска расправа за истиот. Вака завршија сите седници на комисијата за европски прашања, каде неделава за законот се судрија единствено БЕСА и ДУИ.

СДСМ иако најави дека со четири амандмани ќе интервенира во законот за јазици со кој бара бришење на одредницата албански јазик и вметнување на сите немнозински етнички заедници споменати во Уставот, тие изостанаа поради долгите реплики на коалицискиот партнер ДУИ.. По ова власта најави дека амандманите ќе станат дел од законот откако тој ќе биде донесен во парламентот и вратен од Венецијанската комисија..

ВМРО ДПМНЕ пак поради притворите на пратениците не учествуваше во амандманската расправа за која партијата претходно најави дека по законот ќе интервенира со 86 амандмани.. Тие се однесуваа на укинување на двојазичноста односно унапредување на употребата на сите јазици на немнозинските заедници, кратење на употребата на албанскиот јазик на целата територија на државата и на укинување на казните..

При својата последна посета, комесарот за проширување Јоханес Хан рече законот за јазици не дел од итните европски приоритети и тој е нерелевантен за добивање позитивна препорака..

Од друга страна, ЕУ амбасадорот Жбогар во интервју за Сител, излезе со сосема поинаква изјава за законот од онаа на ХАН.. Смета дека со неговото донесување ќе се затворат прашања кои произлегле од Рамковниот договор..

Законот за јазици не е во согласност со Уставот, предупредуваа и експертите, кои потсетија дека токму тој е суштинскиот дел од Тиранската платформа на албанските парии. Инаку законот за јазици засега не се знае кога ќе се најде пред пратениците на пленарна седница, но се знае дека ќе се гласа директно, без никакви амандмани.