Технологија
30. јуни 2015 - 22:02

Еве како да препознаете дека некој ви го прислушкува телефонот

Мобилните телефони се посебна мета за прислушкувачите. Постојат неколку начини како може илегално да се прислушкува телефонот.

1. Екстерен уред случен на УСБ уредите кои имаат можност да ги земат симнат сите податоци од вашата СИМ картичка. Сим картичката мора да биде физички ставена во уредот. На тој начин може да се исчитаат сите СМС пораки кои се испратени од таа СИМ картичка, а понекогаш и снимени разговори.

2. Уредот во кој се внесува бројот на телефонот кој се прислушкува. Тој уред ги снима сите разговори и коппите ги праќа на една локација, најчесто база на податоци на компанијата која го одржува уредот.

3. Пазете каде го оставате телефонот бидејќи некој може во вашиот телфон да инсталира програми како FlexiSpy и RecordiaPro. Овие програми овозможуваат прислушкувачите уживо да ги слушаат вашите телефонски разговори. Исто така, тие програми во себе содржат и GPS локатор кој во секој момент ја прикажува вашата локација.

4. Компании кои се занимаваат со следење преку интернет. Потребно е само да го имаат вашиот број на телефон кој потоа го внесуваат во програмот и така ја откриваат вашата точна локација.

Но да преминеме на главното, како ќе знаете дека некој ви го прислушкува телефонот

1. Батеријата брзо се троши

Класичен знак дека некој ви го прислушкува телефонот е траењето на батеријата откако ќе ја наполните. Батеријата во мобилните брзо се троши бидејќи програмите за прислушкување ја црпат нејзината силиа и кога не го употребувате телефонот.

2. Бавно гасење на телефонот

Ако не можете на нормален начин да го исклучите телефонот или му е потребно повеќе време од обично, шансите се некој да ви го прислушкува телефонот. Причината за тоа е што е потребно повеќе време сите програми за прислушкување да се исклучат. Можно е и телефонот да не ви е исправен, но задолжително следете дали телефонот чесшто чудно ви се однесува.

3. Чудни позадински звуци

Шум во текот на разговорот или чудно зуење укажува на тоа дека постои голема веројност телефонот да ви е прислушкуван. Многумина не размислуваат за таа можност бидејќи изговор им е дека врската лошо е воспоставена. Меѓутоа, денешната телекомуникациска технологија е многу напредна и современа така да пречката по прашање на сигнал е многу ретка.

4. Дисторзија на гласот

Уште еден многу чест знак дали некој ви го прислушкува телефнот е дисторзија на гласот. Доколу слушате "роботски„ глас на личноста со која разговарате, многу е голема веројатноста некој да го слуша или снима вашиот разговор.

5. Додека не го употребувате телефонот

Посветете внимание на тоа доколку телефонот почне чудно да се однесува бидејќи е можно да имате инсталирано програм за прилушкување. Овие програми многу лесно може да се внесат на нечиј телефон со помош на е-маил или префрлање на податоци преку блутут. Фиксните телефони исто така не се исклучок кога е во прашање преслушкувањето. Обратете внимание на чудните звуци во позадина, посебно зуење или шуштење.