Македонија
17. August 2017 - 16:47

Еве ја состојбата на терен во струшко

Синоќа повторно гореше струшката дива депонија. Чад и непријатна миризба која се шири  го загадува воздухот во градот.

Во 21 век кога сите се стремат кон модернизација и развој Струга  се соочува со егзистенцијални проблеми . Од граѓанската иницијатива Доста бараат трајно да се реши овој проблем со изградба на  регионална депонија а дотогаш апелираат да се набават големоволуменски прес контејнери. Секојдневно огромно количество на отпад се носи во депонијата а со тоа се зголемува и опасноста од нејзино спалување .

Од Граѓанската инициатива Здружени за Струга пак бараат во рок од 10 дена дивата депонија да се затвори за нов отпад да се заштити од пожари ,долгорочно да се реши проблемот и да се ревитализира почвата на местото каде е лоцирана депонијата.

Жителите на Струга веќе со години бараат решение за проблемот со дивата депонија која се наоѓа на само 500 метри од градот.