Свет
7. May 2017 - 16:40

Евакуирани 50 000 жители на Хановер поради бомба од Втората светска војна

Речиси 50 000 жители на Хановер беа евакуирани во операција на отстранување на бомба од Втората светска војна. Експлозивната направа е најдена на едно градилиште во северозападниот дел од градот мината недела. Ова е втора најголема евакуација во Германија порада ваква причини од 1945 година па досега.