Свет
20. March 2017 - 13:03

Евакуирана канцеларијата на француското финансиско обвинителство

Канцеларијата на француското финансиско обвинителство во Париз е евакуирана денеска поради безбедносни причини. Полицијата се наоѓа во објектот во централниот дел на францускиот главен град.

- Безбедносните сили добија наредба да ја претресат зградата и да проверат дали има експлозив во неа. Претресот би можел да трае цел ден, изјави анонимен полициски извор.

Канцеларијата е евакуирана во утринските часови по добиен анонимен телефонски повик.

Канцеларијата на француското финансиско обвинителство во Париз се наоѓа во центарот на вниманието последните неколку недели, меѓу другото и поради наводните обвинувања за финансиски малверзации на претседателските кандидати Марин Ле Пен и Франсоа Фијон.