Свет
20. December 2016 - 20:12

Евакуирана главната железничка станица во Келн

- Вечерва по 18 часот и 30 минути германските полиција презеде операција за итна евакуација на главната железничка станица во Келн, од каде што се евакуирани сите патници и вработени, јави дописникот на МИА од Берлин.

Евакуацијата се спроведува откако полицијата добила телефонска закана за поставена бомба на една од најфрекфентните железнички станици во Германија.

Според германските медиуми, во прекин е сообраќајот преку оваа станица, а има прекини и во другиот вид на сообраќај во Келн.

Лани за нова година во Келн се случија стотина сексуални напади и грабежи врз жени, кои минуваа преку главната железничка станица. Речиси сите идентификувани напаѓачи беа мигранти.