Свет
12. February 2017 - 14:38

Евакуиран аеродромот во Хамбург - патниците во паника

Аеродромот во Хамбург накратко беше евакуиран откако 50 лица се пожалиле дека имале проблеми со дишењето по вдишување на „непозната материја“. 

Луѓето почнале да се жалат на компликации со дишењето откако биле изложени на некаква „непозната материја“ на аеродромот во Хамбруг, во неделата наутро. 

Како што пишуваат тамошните медиуми, непозната материја влегла преку вентализацијата.

Надлежните утврдуваат за каква супстанца станува збор.