Свет
27. February 2017 - 13:23

Евакуација во источниот дел на Лондон поради бомба

Лондонските власти денеска започнаа евакуација во источниот дел на градот каде е пронајдена бомба од Втората светска војна. 

Очевидиците наведуваат дека се затворени улиците во тој дел од градот и дека се евакуира населението. 

На местото се наоѓаат лондонски полициски возила и експерти за детонирање на бомби, јави „Дејли стар“.