Свет
16. November 2015 - 20:34

Евакуација на Харвард поради закана со бомба

Неколку згради на Универзитетот Харвард во САД се евакуирани поради дојава за бомба, објавено е на сајтот на институцијата.

Како што е наведено, забранет е влез на територијата на Универзитетот, а надлежните тимови ги пребаруваат зградите.

Се пребаруваат четири згради, три во рамки на Универзитетот и една во кампусот. Се претпоставува дека пребарувањето на теренот ќе трае неколку часа.