Кошарка
21. јуни 2017 - 10:43

Еурохопс тврди дека Теодосиќ оди во Чикаго

Специјализираниот кошаркарски сајт „Еурохопс“ објави дека Чикаго Булс се подготвени да понудат повеќегодишен договор за капитенот на Српската репрезентација Милош Теодосиќ. 

НБА великанот според нивни извори подготвува многу поголема понуда од онаа на московскиот тим (12 милиони евра за три години). Јурохопс наведува дека Џими Батлер барал да замине во Кливленд а во Чикаго секогаш добро се снаоѓале кошаркари од Југославија како Тони Кукоч и Никола Миротиќ. 

Теодосиќ во меѓувреме изјави дека сега сака да одмара и да медитира па потоа ќе одлучи како ќе продолжи во кариерата.