Ракомет
19. November 2016 - 9:47

Еурофарм Работник го доби дербито против Охрид

 
 Ракометарите на Еурофарм Работник забележаа победа во дуелот против Охрид со 21-20. 
 
Во дерби натпреварот, воведен од 11.коло, на ракометното првенство на Македонија, екипата од Битола се радуваше на теренот на лидерот на табелата Охрид, за кого ова беше само втор пораз сезонава. 
 
Денеска во машката ракометна Суперлига ќе се играт два натпевари. 
 
Екипата на Пролет е домаќин на Вардар Јуниор, а во Радовиш истоиметана екипа е домаќин на Металург 2. 
 
За утре напладне закажан е мечот Работнички – Борец. 
 
Пелагониското дерби меѓу Прилеп и Пелистер е одложено.
 
Табела: Охрид 25 бодови, Еурофарм Работник 22, Пелистер 22, Прилеп 16, Пролет 16, Металург II 14, Радовиш 13, Борец 11, Вардар Јуниор 5, Работнички 0.