Loading Video...
Ракомет
28. November 2017 - 16:14

Еурофарм против норвешкиот Филинген Берген во 1/8-финалето на Челенџ Купот

 
 Ракометарите на Еурофарм Работник го добија противникот за осминафиналето на ЕХФ Челинџ Купот. 
 
Денешната ждрепка одржана во Виена, на битолскиот тим  за противник им го донесе составот на Филинген Берген од Норвешка, против кој ќе се борат за место меѓу осумте најдобри екипи во третото по квалитет европско ракометно клупско натпреварување.
 
Првиот натпревар од осминафиналето ќе се играат во Битола на 10 и 11 февруари 2019 година, а реванш дуелот е предвиден седум дена подоцна во Норвешка. 
 
Потсетување дека битолскиот тим, за кој ова е деби на европската сцена, во првата рунда забележа две победи над литванската екипа  Гранитас Каунас.