Кошарка
22. јуни 2017 - 21:19

Еуробаскет - жени: Шпанија во борба за медалите

Кошаркарките на Шпанија се пласираа во полуфиналето на Европското првенство што се одржува во Чешка. Тие вечерва во четвртфиналето ја победија Летонија со 67:47. 
Во полуфиналето во сабота Шпанија ќе игра против Белгија, која забележа победа од 79:66.
Во тек е последниот четвртфинале дуел меѓу Франција и Словачка. Победникот од овој натпревар во полуфиналето ќе игра против Грција, која со 84:55 ја совлада Турција.