Фудбал
17. јуни 2017 - 7:32

ЕУРО У_21: Стартна победа за Словачка над Полска

Репрезентацијата на Словачка стартуваше со победа на ЕУРО 2017 за играчи до 21 година. Словачка го натпревар од А групата во Лублин го победи домаќинот Полска со 2:1.

Полска водеше со 1:0 со голот на Липски во 1.минута, а головите за Словачка ги постигнаа: Валјент (20.минута) и Шафранко (78).
На вториот дуел од групата одигран во Киелце Шведска и Англија одиграа без голови 0:0, а најголем виновник е голманот на англичаните, кој го одбрани пеналот на Валквист.
Денеска се играат и натпреварите од Б групата во Бидгошч играат: Португалија и Србија (почеток 18 часот), а во Гдиња Македонија - Шпанија (почеток 20:45 часот).