Фудбал
21. јуни 2017 - 9:45

ЕУРО 2017 У_21: Шпанија со две победи обезбеди полуфинале

Фудбалската репрезентација на Шпанија прва избори пласман во полуфиналето на Европското првенство за играч до 21 година откако синоќа во дуелот од 2.коло од Б групата ја совлада Португалија со 3:1. На вториот дуел од групата во Бидгошч, Македонија и Србија одиграа без победник 2:2, а Србија голот за изедначување го постигна во последната минута.
Шпанија со 6 бодови е прва во групата со обезбедено полуфинале, Португалија има 3 бодови, а следуваат Србија и Македонија со по 1 бод.
Во последното коло Македонија игра против Португалија, а Шпанија со Србија.
 
„Црвената фурија“ до победата во Гдиња над Португалија стигна со головите на: Саул Нигуез (21.минута), Сандро Рамирез (66) и Инаки Вилијамс (90+3), додека стрелец за Португалија беше Брума (77.минута).
 
Денеска на шампионатот се играат дуелите од 2.коло од групата Ц: Чешка – Италија и Германија – Данска. 
https://

.be