Фудбал
28. јуни 2017 - 8:53

ЕУРО 2017 У_21: Шпанија противник на Германија во финалето

Репрезентацијата на Шпанија се пласира во финалето на ЕП во Полска за играчи до 21 година откако синоќа во полуфиналето во Краков ја победи Италија со 3:1. Јунак на дуелот беше Саул Нигиез, кој постигна хет-трик за триумфот на „црвената фурија“. Тој головите ги постигна во 53, 65, 74.минута, додека стрелец за Италија беше Бернадески во 62.минута.

Во првото полуфинале одиграно во Тихи Германија по изведување на пенали ја совлада Англија со 4:3, а во регуларниот дел и по продолженијата беше 2:2.
Финалето Шпанија - Германија се игра во Краков, на 30.јуни (петок) со почеток во 20:45 часот.