Фудбал
25. јуни 2017 - 9:31

ЕУРО 2017 У_21: Италија победи, а Германија загуби за полуфинале

Репрезентациите на Италија и на Германија ја комплетираа „четворката“ полуфиналисти на Европското првенство за фудбалери до 21 година. На синоќа одиграните дуели од 3.коло од групата Ц Италија ја победи Германија со 1:0, а за двете селекции да бидат во полуфиналето им „помогна“ Данска која со 4:2 ја победи Чешка.
 
Првото место во групата го освои Италија со 6 бодови, додека Германија има исто шест бодови но пораз во меѓу себниот дуел. Но, Германците се најдобрата второпласирана селекција од трите групи. Во мини табелата на второпласираните селекции Германија има 6 бодови и гол разлика (5:1), Словачка има 6 бодови (6:3), а Португалија 6 бодови (7:5).
 
Во полуфиналето на 27 јуни ќе играат:
Англија – Германија (18 часот во Тихи) и
Шпанија – Италија (21 часот во Краков).
Македонија по комплетирањето на првата фаза шампионатот го заврши на 12.место.