Фудбал
19. јуни 2017 - 0:18

ЕУРО 2017 У-21: Стартна победа на Италија

Младите фудбалери на Италија забележаа победа над врсниците од Данска со 2-0 во последниот меч од 1.коло на Европското првенство з аиграчи до 21 година што се одржува во Полска. 
 
Во дуелот од Ц групата одигран синоќа во Краков стрелци на головите за „аѕурите“ беа, Лоренцо Пелегрини (54.минута) и Андреа Петања (86). 
 
Претходно во оваа група со идентични 2-0 Германија ја победи Чешка. 
 
Во следното коло од оваа конкуренција кое на програмата е во среда (21 јуни) ќе играат Чешка - Италија и Германија – Данска. 
 
Денеска ќе се одиграат средбите од 2.коло во А групата, Словачка - Англија и Полска – Шведска, а утре на програмата се дуелите во Б групата и тоа од 18 часот Македонија ќе игра против Србија, а во вечерниот термин (20:45 часот) Португалија за противник ќе ја има Шпанија.