Македонија
25. September 2017 - 12:24

Еуфоричен почеток на изборната кампања во Охрид- градот подготвен за вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ

Во еуфорична атмосфера, традиционално  беше одбележан почетокот на изборната кампањата пред општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид.

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид,  синоќа по полноќ, традиционално во една еуфорична атмосфера  заедно со своите членови, симпатизери и граѓани ја започна изборната кампања за локалните избори кои ќе се одржат на 15  октомври.

На  собирот свое обраќање имаа кандидатот за градоначалник д-р Митко Тилевски, преседателот на општинскиот комитет и носител на советничката листа д-р Кирил Пецаков како и актуелниот градоначалник на Охрид д-р Никола Бакрачески.

“Чуството  да се биде овде и да се зборува пред вас ми претставува  огромна  чест и  особено задоволство, но верувајте и одговорност. Пред сите вас стојам со чист образ и достоинство, без ниту една дамка врз мојот приватен или професионален живот, а ветувам така и ќе остане.  Токму сега, на полноќ, ни се отвораат вратите кон нови предизвици, нови реализации, нови проекти, нови работни места… За неколку часа почнуваме да го трасираме патот до уште една, уште поголема победа, за Охрид, за охриѓани, за Република Македонија. Уште од утринава започнуваме со работа, која ќе триумфира на 15 октомври“ додаде д-р Митко Тилевски.

Од собирот беше упатена покана до сите граѓани за големиот митинг кој ќе се одржи вечерва со почеток во 19:00 ласот на плоштадот „Св. Климент Охтридски“