Свет
17. October 2017 - 14:20

ЕУ згрозена од убиството на новинарката на Малта

Европската унија е згрозена поради убиството на малтешката новинарка Дафне Каруна Галиција, изјави портпаролот на Европската комисија, Маргаритис Шинас, при што побара одговорните да бидат изведени пред судот на правдата.

- Згрозени сме од фактот што познатата и почитувана малтешка новинарка Дафне Каруна Галиција вчера го загуби својот живот во очевидно планиран напад... ЕК и нејзиниот претседател Жан Клод-Јункер најостро го осудуваат нападот на новинарката која истражуваше случаи на корупција во блиското опкружување на премиерот на Малта, Џозеф Мускат, истакна Шинас.

Тој нагласи дека „правото на новинарите да истражуваат, да поставуваат непријатни прашања и ефикасно да известуваат, е во фокусот на европските вредности и секогаш мора да биде загарантирано“.