ЕУ воведе дополнителни санкции против Северна Кореја
Европската унија воведе дополнителни казнени мерки против Северна Кореја поради неодамнешните нуклеарни и балистички проби, кои ги изврши земјата.
Унијата соопшти дека додава 16 лица и 12 компании од Северна Кореја на списокот на санкционирани, на кој има околу 60 поединци и групи против кои се воведени забрани за патувања и замрзнати се нивните имоти.
Пјонгјанг претходно ги отфрли санкциите од Советот за безбедност на ОН како „неоправдани, незаконски и неморални“ и се закани дека и понатаму ќе го зајакнува својот нуклеарен арсенал.
- Јакнењето на нашето нуклеарно оружје е легитимен начин за изразување на нашето право на самоодбрана, кој ќе продолжи се додека траењ непријателската американска политика, се наведува во соопштението на севернокорејското Министерство за надворешни работи.
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг-Ун во четвртокот нареди нуклеарниот арсенал на неговата земја да биде подготвен, со цел да се употреби во било кој момент ако е тоа потребно.
Ново на Сител
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024