ЕУ вети зголемување на напорите во борбата против тероризмот по нападот во Анкара
Земјите од ЕУ ќе ги зголемат напорите во борбата против тероризмот, ветија нивните лидери по терористичкиот напад во турската престолнина Анкара во средата, пренесе германската агенција ДПА.
- Актите на тероризам, без разлика од кого се вршат и без оглед каде се, секогаш неприфатливи, посочија шефовите на држави или влади на земјите од ЕУ во заедничка изјава, направена во рамките на самитот во Брисел, и воедно го осудија нападот.
„Европската унија и нејзините членки ќе ги зголемат сите напори за справување со ова зло, во соработка со нашите партнери", се наведува во соопштението, цитирано од ДПА.
"Го изразуваме нашито најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите и ја изразуваме нашата солидарност со народот на Турција", дополнуваат лидерите на земјите од ЕУ.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност