Свет
9. November 2017 - 9:17

ЕУ се подготвува да воведе ембарго на оружје за Венецуела

Европската унија се подготвува да воведе ембарго на оружје кон Венецуела и ќе разгледа воведување на дополнителни санкции како одоговор на политичката криза во земја, наведе неименуван дипломат на Унијата. 

- Тие чекори се одобрени, со што се отвора патот за нивно усвојување на состанокот на министрите за надворешни работи на Унијата, што ќе се одржи следниот понеделник, посочи дипломатот. 

Друг дипломат на ЕУ, истакна дека забраната за патување и замрзнувањето на средствата би била наменета за венецуелските претставници, доколку „развојот на ситуацијата би го предизвикал тоа“.

- Доколку биде усвоено, ембаргото на оружје ќе биде проследено со забрана за извоз на опрема што би можела да се користи за внатрешна репресија и опрема за следење, објаснија дипломатите. 

Шпанија оддамна се залага за санкции кон блиските соработници на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кого Вашингтон го обвинува за воведување на диктатура, но ЕУ во однос на тоа прашање е со поделено мислење.

Главен снабдувач на оружје на Венецуела е Велика Британија.