ЕУ сака по секоја цена да опстои договорот за мигрантите со Турција
Решени сме да сториме се што е неопходно за да продолжи имплементацијата на спогодбата за мигрција меѓу Европската унија и Турција, изјави денеска претставник на Европската комисија.
- Според нас спогодбата постигна јасни резултати. Милиони мигранти не успеаја да влезат во ЕУ, а илјадници не ги загубија животите во морето. Обезбедивме 1,5 милијарди евра (за Турција) изминатата година, нагласи портпаролот.
Комисијата денеска претстави податоци за напредокот во спроведувањето на договорот, потпишана пред една година во Брисел. Податоците покажуваат дека приливот на илегални мигранти минатата година се намалил за 97 отсто.
ЕК нагласи дека Турција стриктно ги исполнува своите должности поврзани со примањето назад на илегалните мигранти и за испраќање кон Европа на сириските бегалци врз принципот „еден за еден“.
Во 2015 година во ЕУ дневно влегуваа во просек по десет илјади мигранти, а благодарение на спогодбата со Турција бројот се намалил на 43 дневно.
Бројот на удавените мигранти во Егејското Море се намалил од 1.145 во 2015 на 80 минатата година.
До денеска согласно спогодбата од Грција во Турција биле вратени 916 илегални мигранти, додека од Турција во ЕУ биле испратени над четири илјади сириски бегалци.
Грција изминатата година од ЕУ добила над една милијарда евра за справување со мигрантите.
Во меѓувреме портпаролот на германската Влада Штефан Зајберт изјави дека нема знаци дека договорот меѓу ЕУ и Турција е суспендиран од страна на Анкара.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.