Македонија
27. February 2017 - 8:30

ЕУ програма за јакнење на борбата против корупција и организиран криминал

Зајакнување на институциите во борбата против корупција, перење на пари и финансирање тероризам, e целта на заедничката програма за борба против корупција, економски и организиран криминал на Европската унија и Советот на Европа, чиј почеток ќе биде означен денеска на конференцијата „Акција против економски криминал“.

Како што е најавено на конференцијата ќе се обратат Министерот за финансии Кирил Миновски и Моника Мартинез од Советот на Европа.

Заедничката програма треба да обезбеди поддршка на Управата за финансиско разузнавање, финансиската полиција, министерствата за правда и внатрешни работи, како и компаниите од финансискиот сектор во нивните напори во борбата против економскиот криминал и корупцијата.

Програмата има буџет од 1.350.000 евра и првенствено се фокусира на зајакнување на операциите против перење на пари и спречување на финансирање на тероризам. Таа има за цел да помогне на државата за имплементирање на релевантни препораки од Европската комисија, како и од Советот на Европа за следење на телата кои се борат против корупција, перење на пари и финансирање на тероризам.