Македонија
15. April 2016 - 17:00

ЕУ: Прочистен избирачки список, балансирани медиуми и казни за заплашување гласачи за кредибилни избори

Европската унија преку портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчиќ денеска порача дека е потребно исполнување на три услови со цел да се обезбедат според нив „веродостојни избори“.

- Последните случувања фрлаат сомнеж во врска со можноста за обезбедување на услови за веродостојни избори. Ги повикуваме сите заинтересирани страни и политичките партии да продолжат да работат заедно за да се обезбедат услови за веродостојни избори, во интерес на земјата и нејзините граѓани. Ова вклучува завршување на чистењето на Избирачкиот список, балансирано известување на медиумите и истрага, односно казнување на сите пријавени за заплашување на гласачите. Ние ќе продолжиме да го следиме ова одблиску со меѓународните партнери како што е ОДИХР и ќе продолжиме да ја истакнуваме секоја загриженост - истакна портпаролката Коцијанчиќ за МИА.

Во исто време, претседателот на Европскио совет Доналд Туск, на социјалната мрежа „Твитер“ предупреди дека евро-атлантската иднина на Македонија е во опасност и порача дека на Европа и треба стабилна Македонија водена од владеењето на правото.

Ги повикуваме сите граѓани и сите партии да учествуваат во демократските процеси на ненасилен начин. Оваа криза може да се реши со политички средства и со враќање на масата за дијалог