-->
-->
ЕУ обезбедува 28.7 милиони евра хуманитарна помош за Африка и Азија
-->
Европската комисија соопшти дека ќе обезбеди 28.7 милиони евра хуманитарна помош за државите од Африка и Азија.
Најголем дел од оваа сума, или 10 милиони евра, се предвидени за Сомалија, каде стотици илјади лица се под закана од глад заради сушата. Осум милиони евра ќе послужат за исполнување на потребите на Авганистанците, кои се вратени од други држави, како и за авганистанските бегалци, кои засолниште побарале во Иран.
Дел од средствата ќе бидат насочени кон Египет, каде се забележува прилив од државјани на Сирија, Ирак и државите од јжуниот дел на Африка, кои бараат засолништа.
Европските средства ќе стигнат и до луѓето во Либија, каде хуманитарната ситуација и натаму е исклучително тешка,забележа ЕК.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност