ЕУ му додели два милиони евра на УНИЦЕФ за децата бегалци во Македонија и Србија
Секторот за хуманитарна помош и цивилна заштита на Европската комисија (ЕХО) му додели два милиони евра на Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) за помош на децата мигранти кои поминуваат низ Србија и Македонија.
Ова е прв финансиски придонес на ЕХО за работата на УНИЦЕФ со бегалците и мигрантите што се движат низ Европа.
Средствата ќе бидат наменети за помош на околу 170 илјади деца и мајки кои транзитираат низ Македонија и Србија. За нив ќе бидат обезбедени простории што ќе работат 24 часа седум дена во неделата. Во нив семејствата ќе можат да се одморат, да добијат прва помош и неопходна зимска облека, како што се ќебиња и облека за деца. Ќе биде обезбедена и соодветна храна за деца на возраст помеѓу 0-24 месеци и совети за мајките што дојат за најдобрите практики во исхраната.
- Децата се заробени сред невидена и непредвидлива криза. Тие се во движење кон подобар живот во Европа. Сега кога демне зимата нивните потреби се поголеми од кога било. Ние не смееме да ги изневериме, вели Мери-Пјер Поарие, специјален координатор за кризата на бегалците и мигрантите во Европа.
Ново на Сител
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти