Балкан
11. August 2017 - 11:35

ЕУ: Косово нема време за губење, институциите да бидат формирани што е можно побрзо

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич ги повика косовските партии што е можно побрзо да го конституираат Парламентот, порачувајќи дека Косово нема време за губење. 

Таа ги повика политичките партии да го почитуваат Уставот на Косово.

- Косово нема време за губење и треба да се забрза процесот за формирање институции, рече Коцијанчич.