Свет
17. July 2017 - 14:03

ЕУ ќе воведе санкции за 16 Сиријци поради хемиските напади

Европската унија денеска ќе воведе санкции за 16 сириски научници и војници, за кои се смета дека се вмешани во изврушување на напади со хемиско оружје врз цивилното население во Сирија, соопшти британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон. 

Тој пред почетокот на заседанието на Советот на министрите за надворешни работи од ЕУ, наведе дека на 16-те Сиријци ќе им бидат воведени забрани за патување, како и замрзнување на нивните имоти. 

Џонсон истакна дека „тоа ја покажува решителноста на Велика Британија и останатите пријатели во Европа“ за противмерки на хемиски напади во Сирија. 

Во мај ЕУ ги продолжи санкциите против Сирија за период од една година поради „континуираната агресија на Владата против нејзините граѓани“. 

ЕУ веќе воведе забрани за патување и замрзнување на имотот на 240 физички и 67 правни лица од Сирија.