Балкан
29. November 2015 - 13:38

ЕУ ќе ја одоброволува Анкара за забрзување на преговорите за членство

Со предлог-резолуцијата, што би требало да биде усовена на денешниот Самит ЕУ-Турција во Брисел, посветен на проблемот со миграцијата, се предвидува и да им се даде нов бран на преговорите за членство на Анкара во Унијата, соопштија дипломатски извори.  

Во документот е наведено дека во текот на декември Турција и ЕУ ќе започнат преговори по нова глава од договорот за членство, а во првиот квртал на 2016 година за преговарање ќе бидат подготвени уште неколку нови поглавја, наведуваат истите извори.

Телевизијата Си-Ен-Ен Турк јави дека се предвидува од октомври 2016 година да бидат укинати и визите за патување на турските граѓани во земјите-членки на ЕУ, доколу Анкара го спорведе договорениот акциски план за запирање на приливот на имигранти од нејзина територија кон Европа.

Со предлог-резолуцијата се предвидува во првата фаза Анкара да добие три милијарди евра за потребите на бегалците сместени во камповите во Турција, сума која би можело да биде доплнително зголемена ако за тоа има потреба.

Покрај ова, ЕУ се согласува „барем еднаш годишно“ Турција да биде поканета да учествува на средбите на врвот на Унијата, наведува телевизијата.