Македонија
6. February 2018 - 20:13

ЕУ ја објави стратегијата за проширување

Шест области како клуч за отворање на веопските проти. Стратегијхата за Западен Балкан нуди реална рамка, до 2025 за успех во процесот на целосна интеграција.

1 Владеење на правото

2 Безбедност и миграции

3 Социоекономски развој

4 Енергетско поврзување и транспорт

5 Дигитална агенда

6 Помирување и добрососедски односи

Ова се ресорите во кои ќе мора да се посветат исклучителни напори за да се реализира планираното. Покрај искористувањето на веќе овозможените средства од ипа фондовите, ЕУ ќе понуди и дополнителни средства за секоја од шесте земји кандидати за членки на унијата. Кој ке го пречекори прагот во 2025 година ќе зависи само од заслуженото.

2018 се очекува да биде историска година за земјите од Западен Балкан. Во април комисијата ќе ги објави извештаите за напредок, а веќе во мај во софија ќе се оджи самитот помеѓу лидерите на земјите од ЕУ и западен балкан, кој се случува по 15 години пауза. Послендиот збор ќе го има советот во јуни кој треба да ја донесе одлуката за процесот на преговори.