Балкан
27. јуни 2017 - 8:55

ЕУ: Изборниот процес во Албанија беше мирен и регуларен

Во првата реакција околу неделните парламентарни избори во Албанија, ЕУ оцени дека тие биле „мирни и регуларни“ и оти биле почитувани основните слободи.

Како што јави дописникот на МИА, во заедничката изјава на високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, се наведува дека изборите биле регуларни, при што се дава сигнал дека Албанија ќе добие подршка за реформите.

- Изборниот процес беше мирен и регуларен. Испочитувани се основните слободи. По изборниот процес ќе ги подржиме реформите, стои во заедничката изјава на Могерини и Хан во врска со изборите во Албанија.

Претходно и амбасадата на САД ги оцени изборите како мирни.

Според Амбасадата гласањето „било спроведено ефикасно, на мирен начин, во најголемиот дел на избирачките места“.