Свет
12. November 2015 - 12:13

ЕУ формира фонд од 1,8 милијарда евра за борба со мигрантската криза

Европската унија формира фонд за борба со миграциската криза во земјите од Африка во вредност од 1,8 милијарди евра.

Спогодбата за формирање на фондот денеска беше потпишана од претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и лидерите на земјите од ЕУ, на средбата на високо ниво ЕУ - Африка, што се оддржува во малтешката престолнина Ла Валета, пренесе ТАСС.

Во создавањето на фондот учествуваат 25 од 28-те земји од ЕУ.

Јункер подвлече дека парите во фондот не се доволни за ефикасно справување со кризата и затоа ги повика земјите членки да уплатат дополнителни средства.