Македонија
8. April 2016 - 17:15

ЕУ ѕвезди - дебата на тема „Капитализам наспроти социјализам"

Во организација на Секретаријатот за европски прашања денеска се одржа третата дебата од циклусот „ЕУ Ѕвезди“ на тема: „Капитализам наспроти социјализам“ на која дебатираа студентите од Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје.

Пред започнување на дебатата, на студентите им се обратија вицепремиерот  задолжен за европски прашања Арбр Адеми и  Ректорот на Универзитетот Исмаил Каџајусуфоглу кои ја истакнаа улогата на дебатите во развојот на демократските општества.

Денешната дебата, како што соопштија од СЕП,  има за цел да го зголеми интересот и знаењето на младите лица за прашања и теми поврзани со ЕУ.

Преку дебатите, СЕП цели кон овозможување отворен форум за дебата помеѓу младите насочен кон охрабрување на критичното милење и поттикнување на култура каде на дебатата се гледа како демократски начин за надминување на разликите во мислењата.

Дебата која се одржа денеска е дел од дебатниот циклус во рамките на иницијативата „ЕУ Ѕвезди” кој започна со реализација во мај 2015 година и ќе продолжи и понатаму во текот на годината со цел да се слуша гласот на младите како идни европски граѓани. Дебатата е дел проектот на СЕП Младите за ЕУ.