Балкан
11. December 2017 - 22:10

ЕУ бара смена на корумпираните функционери во Косово

Шефицата на канцеларијата на Европската унија во Косово, Наталија Апостолова изјави дека ќе побара забрзување на процесот на смена на косовски функционери кои го прекршиле законот, со цел да може „да се делува против нив“.

На редовната средба на Високиот форум за координација на донациите за минатата година, Апостолова нагласи дека приоритет за Косово во следните месеци треба да бидат реформи во правосудниот систем и во образованито.

- Ние сме заинтересирани да го поддржиме правосудниот систем во Косово. Владата стори многу за целосно спроведување на законот во борбата против корупцијата и органзираниот криминал. Ова ќе ве однесе до извештајот 2018, посочи таа.

Американскиот амбасадор Грег Делави, на истата средба изјави дека е време Косово да усвои закон за „дисциплинирано обвинителство“, бидејќи тоа ќе помогне во правниот систем да има луѓе со интегритет и ќе ја засили борбата против корупцијата и организираниот криминал.

На средбата, меѓу останатите присуствуваше и косовската министерка за евронтеграции Дурата Хоџа, според која во 2016 година Косово добило донации во износ од 164 милиони евра, најголем дел од ЕУ и САД.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај во обраќањето на собирот искажа благодарност до сте донатори, најавувајќи дека Владата ќе воведе строга контрола на начнот на насочување на парите.