Македонија
25. April 2017 - 16:42

ЕУ бара да се забрза воведувањето на семејното насилство како посебно кривично дело

Насилството врз жената е брутална форма на дискриминација, која е резултат на родовата нееднаквост. Овој проблем во Македонија во голема мерка останува непријавен поради тоа што во државата постојат само четири шалтер центри, но и неводењето на соодветни записи од страна на народниот првобранител за поплаките. Ова беше констатирано на работилницата посветена на “Спречување на насилството врз жените во земјите од Западен балкан и Турција”.  

Од ЕУ бараат да се забрза постапката за ратификација на Истанбулската конвенција за борба против насилството врз жената и домашното насилство, преку воведување на посебно кривично дело.    

Целта на проектот е надминување на домашното насилство и сите останати форми на дискриминација врз жените, но и да се посвети внимание на причинителите и стереотипите кои доведуваат до насилство врз жените.

Од  Минитерството за труд и социјална политика истакнаа дека со Националната стратегија за родова еднаквост 2013-2020 која е усвоена од Собранието, за првпат е дадена дефиниција за родово базирано насилство, која сеуште ја нема во Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство.