Македонија
16. September 2016 - 19:45

ЕУ амбасадорот Аамуел Жбогар беше во посета на мигрантскиот камп во Гевгелија

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија Самуел Жбогар својата прва работна  посета во земјата ја започна од транзитниот центар Винојуг во  Гевгелија. Од таму тој порача дека прашањето со мигрантите претставува висок приоритет за унијата, но и за нејзините граѓани. . Жбогар потенцираше дека  ова прашање  ќе биде еден од трите приоритети на Унијата во следните 12 месеци.

,, Како што веќе ви е познато пред два дена претседателот на европската комисија господинот Јункер веќе рече дека во следните 12 месеци Европската комисија ќе има три приоритети, а се разбира дека еден од тие приоритети е прашањето со мигрантите и во вашата земја. Што се однесува на прашањето на мигрантите ние Европската Унија работиме и функционираме во партнерство со вашата земја и навистина би сакал да изразам задоволство од тој партнерски начин на кој сме соработувале со вашата влада,  со институциите како и со општина Гевгелија  се со цел да се справиме со мигрантската криза во вашата земја. Истоа така тоа што би сакал да кажам е да се заблагодарам на брзиот одговор од страна на земјите членки на Европската Унија при повикот на вашата земја да излезе во пресрет за справување со мигрантската криза. Во тој контекст би сакал да кажам дека во моментов имаме 166 странски полициски граничари кои што и помагаат на вашата полиција и досега  ЕУ има дадено 14 милиони евра.,, рече Самуел Жбогар Амбасадор на Европската унија во Македонија

За време на посетата на транзитниот центар Винојуг евроамбасадорот Жбогар имаше можност лично да се увери со условите во кои претсојуваат мигрантите кои останаа во земјава по затварањето на Балканската рута, а оствари средби  и претставици на македонската гранична полиција, но и со претставици на странските полициски службеници од кои беше информиран за моменталната состојба на јужната граница  и предизвиците со кои се соочуваат секојдневно. Потсетувајќи на помошта која Европската  Унија до сега ја има дадено за полесно справување со мигрантската криза Жбогар најави дека ваквата  поддршка и соработка  со македонските институции ќе продолжи и  во иднина.