Бизнис
23. јуни 2016 - 16:31

Етносело, оригинален македонски туристички производ

Во стилот на традиционалната македонска архитектура, со автентични куќи од различни краишта од Македонија, главно од 19 тиот и 20 век, отворен е комплексот Етно село. На 12 илјади метри квадратни, во близина на манстариот Пателејмон, комплесот содржи  хотелски капацитети, ресторани, етнолошки музеј, бакалница, винарија, воденица, рибиник, мелница  и други интересни содржини, сите во еден стар традиционален македонски стил кој ќе биде мошне атрактивен за секој граѓанин и турист.

Најголем дел од содржините веќе се во функција, а помал дел ќе бидат во наредните неколку месеци.

-Ветувањето дадено пред граѓаните – стана реалност. Тоа што досега ми беше сон, сега  стана реалност, напиша на својот ФБ статус, лидерот на ВМРО, Никола Груевски. Македонија и Скопје, по примерот на другите држави и градови,  доби вистинско и мошне атрактивно етно село.  

Комплексот ќе биде вистинска атракција, не само за домашните, туку и за странските туристи, а посебно оние кои доаѓаат на кратко и немаат време да ги посетат другите локалитети низ државата.  Оние кои еднаш ќе го посетат, ќе посакаат повторно да се вратат, уверуваат од власта

Лоциран во Нерези, на место во непосредна близина каде што има стар и вреден  манастир и неколку џамии, чија блискост едни до други е импресивна и го отсликува македонското мултиконфесионално и мултиетничко општество и држава. Има одличен панорамски поглед, а можностите за пешачење и рекреација , изнајмување велоспиди  ќе биде причина повеќе за почесто доаѓање и рекреација на македонските граѓани и туристите.  

Затоа инвестициите на Владата во туризмот ќе продолжат, а се она што до сега е направено на ова поле веќе дава резултати.  

Бројот на туристи постојано е во пораст, од 2007 до 20015 двојно е зголемен, а само во првиот квартал бележи раст за 15%  во однос на истиот период лани.

Дел од новата туристичка понуда,  се и музејот на вода – заливод на коските во Охрид, комплексот кај Плаошник, новите плажи, патеки, споменици низ цела Македонија, Новиот Музеј на македонската броба, Спомен куќата на Мајка Терзеа, музејот на холокаустот и многу други.