Спорт плус
30. August 2015 - 15:37

Етиопјанките го освоија трите медали на 5 км.

Алмаз Ајана беше предводничка на тројката Етиопијки кои славеа на трката на 5.000 метри. Ајана златото го освои со време на нов рекорд на Светските првенства.
 
Ајана имаше фантастична трка за да не и дозволи на сонародничката Гензебе Дибаба двоен триумф на далечинските трки. 23-годишната Ајана се одвои на четири круга пред крајот за да победи со 14:26.83 и разлика од над 17 секунди зад своите сонароднички.
 
Дибаба на крајот беше само бронзена, откако во спринтерски финиш ја замени сонародничката Сенбере Тефери.