ЕСЗ „Тигар“ одбележа 37 години од формирањето
Почнувајќи од 1981, па до денес, оваа единица е гарант на безбедноста и сигурноста на државата и најзините граѓани. Составена е од високопрофилирани професионалци, кои воспоставија строги критериуми и дисциплина за нејзиното дејствување, нагласи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на денешното одбележување на 37-годишнината од формирањето на Единицата за специјални задачи, позната како „Тигар“.
Тој истакна дека „Тигрите“, се тивките, но едни од најсилните механизми за заштита, подготвени да дејствуваат во непредвидливи ситуации, со исклучително висок ризик по сопствениот живот.
- Секој разумен политичар, одговорен за иднината на својата земја, знае дека дејствувањето на оваа Единица не смее да биде политички мотивирано и насочувано. Се сеќавате на настаните од минатата година, кога иако животите на граѓаните и безбедноста на државата беа сериозно загрозени, „Тигрите“ беа спречени да одговорат на своите должности и обврски, потенцираше Спасовски.
Министерот за внатрешни работи посочи дека не смее со политичкото дејствување да се нанесува штета на угледот на професионалците од ЕСЗ.
- Девет години без униформи, со ограничени ресурси за работа, во непристојни услови за работа, зарем ова е националната одговорност кон припадниците кои се дел од безбедносниот систем на државата. За да имаме сигурни граѓани, мора да имаме мотивирана полиција, констатираше Спасовски.
Командантот на ЕСЗ Митко Доневски нагласи дека да се биде припадник на Единицата е огромна чест и гордост, но уште поголема обврска и одговорност.
- Свесни за значењето и улогата на оваа Единица, чувствувам должност да упатам порака дека ЕСЗ ќе остане високо обучена, мотивирана и професионална формација, која во соработка со останатите субјекти во системот на одбраната и безбедноста, ќе продолжи по секоја цена да го чува мирот, безбедноста и спокојот на граѓаните на Република Македонија, заклучи Доневски.
При одбележувањето Денот на формирањето на Единицата, им беше оддадена почит со едноминутен молк на загинатите припадници на ЕСЗ и беше положено цвеќе пред споменикот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација