Кошарка
20. August 2017 - 20:56

Естонија загуби, Македонија остана без квалификации за СП 2019

Македонската кошаркарска репрезентација не успеа да ги мине претквалификациите за Светското првенство 2019 откако во последниот натпревар во рамки на групната фаза, Косово синоќа ја совлада Естонија со 75:69.

Естонците беа блиску до триумф, бидејќи на две минути до крајот водеа со 67:64, но Косово со серија од 11:2 стигна до триумф од 75:69.

Со тоа, македонската селекција е третопласирана во групата Ц, зад Естонија и Косово и не обезбедува пласман во квалификациите за СП.

Време за анализи и нема бидејќи Македонија веќе во ноември ја очекува настап во дивизијата Б каде што засега сигурни противници ни се Албанија, Словачка, Ерменија и Португалија, кои исто како нас не ги минаа претквлаификациите.

Има најави дека ќе играме и како Молдавија, Гибралтар, Малта, Луксембург, Андора, но ФИБА допрва треба да го објави списокот на селекции кои ќе играат на ова ниво во рамки на Б дивизијата.