Кошарка
9. August 2017 - 15:49

Естонија домаќин на Косово

Со петте натпревари што ќе се одиграат денеска од 3.коло од претквалификациите за Светското првенство во кошарка ќе биде комплетирана првата фаза. Репрезентацијата на Македонија, која е дел од овие претквалификации денеска е слободна.
Во натпревар од нашата Ц група во Талин, Естонија е домаќин на Косово.

На другите натпревари играат: Словачка - Шведска, Босна и Херцеговина - Ерменија (А група), Холандија - Албанија (Б група) и Белорусија - Португалија (Д група).

Табела А група:Ерменија 4 бодови, БиХ 3, Шведска 3, Словачка 2.
Табела Б група: Австрија 3, Холандија 2, Албанија 1.
Табела Ц група: Естонија 2, Косово 2, Македонија 2.
Табела Д група: Бугарија 4, Белорусија 1, Португалија 1.