ЕСО најави „револуционерно откритие“ поврзано со Вселената
Европската јужна опсерваторија (ЕСО), чие седиште е во германскиот град Минхен, в понеделник ќе објави „револуционерно откритие кое се однесува на астрономски феномен што никогаш претходно не бил забележан".
Откритието, што се чува како тајна се до конференцијата за новинари закажана за 16 октомври, се однесува на гравитациските бранови. На неа ќе говорат научници од „Вирго Колаборејшн“, кои работеа на т.н. ЛИГО експеримент, заедно со 70 опсерватории од целиот свет.
Официјалното претставување на откритието ќе се случи во САД, Велика Британија и Германија, со почеток во 16 часот по средноевопско време.
Гравитациските бранови кои предизвикуваат катаклизмични случувања во Вселената, се еден вид бразди кои се испреплетуваат со просторот и времето. Науката во февруари минатата година го потврди нивното постоење, а тоа сознание им донесе на физичарите Нобелова награда.
Од тогаш тие се детектирани трипати, а последниот пат- преку ЛИГО и Вирго инструментите.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите