-->
-->
Есенски базар на домашни ракотворби во општина Бутел
-->
Есенски базар на домашни ракотворби „Занаетчиски колаж 2017“ ќе се одржи од денеска до 14 ноември на две локации во општина Бутел, во организација на Здружението на уметници и ракотворци АРТИ КРАФТ од Скопје.
Според најавата, денеска и утре од 10 до 18 часот ќе бидат изложени ракотвори од базарот во дворот на црквата „Св. Спас“, а на 13 и 14 пред споменикот на Никола Јонков Вапцаров, спроти административната зграда на општина Бутел.
Ќе бидат претставени дела на занаетчии ракотворци од Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Турција, Албанија, Бугарија и Грција.
Покровител на есенскиот базар е градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски. Ова е прв есенски базар во општина Бутел по повод Денот на ослободувањето на Скопје - 13 Ноември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени