Свет
22. May 2016 - 10:51

Ерупција на вулканот Туриалба во Костарика

Вулканот Туриалба во централниот дел на Коста Рика во близина на главниот град Сан Хозе еруптираше, по што исфрли чад и пепел во висина до три илјади метри, поради што повеќе стоици луѓе се сместени во болници, а во делови од градот има слоеви од пепел. 

Граѓаните побарале лекарска помош поради проблеми со дишните органи и со кожата, јави Би-Би-Си. 

Некои училишта се затворени, а откажани се и дел од авионските летови. 

Жителите на Сан Хозе, кој се наоѓа на околу 45 километри западно од вулканот, велат дека пепел ги прекрил зградите, куќите и автомобилите и оти се чувствува мирис на сулфур. 

Властите ги советуваа граѓаните да носат заштитни маски и тесна облека за да ги заштитат белите дробови и кожата. 

- Ова е изгледа најголема ерупција на Туриалба во изминатите шест години, изјави вулканологот Џино Гонсалес.