Свет
8. October 2015 - 9:16

Ерупција на вулканот Фуего во Гватемала

Вулканот Фуего во Гватемала вчера еруптита и исфрли пепел во висина од 4,8 километри, а лавата се разлеа еден километар од неговата јужна страна и 0,7 километри од северозападната страна.

Властите проценија дека засега нема потреба од евакуација на населението во реонот на вулканот.

Фуего е еден од најактивните вулкани во Гватемала и годинава неколку пати еруптираше. Во февруари поради активноста на вулканот беа евакуирани околу 100 луѓе.