Ерупција на мексиканскиот вулкан Попокатепатл, расте билансот на жртвите од земјотресите
Вулканот Попокатепетл од синоќа почна да исфрла пепел и пареа, која формира столб од чад во висина до два километри.
Експертите, сепак, сметаат дека оваа ерупција на вулканот не е поврзана со серијата земјотреси, што изминативе две недели погодија делови на Мексико.
Според последните податоци, билансот на жртвите од земјотресот со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала, што во вторникот го погоди централниот дел на Мексико, се искачи на 307 лица.
Координаторот на мексиканската служба за Цивилна заштита, Луис Фелипе Пуенте соопшти дека акциите за расчистување на урнатините од потресот продолжуваат, па можно е конечниот биланс на жртви да биде и поголем.
Во меѓу време, во јужната мексиканска сојузна држава Оаксака, која вчера беше погодена од земјотрес со интенизтет од 6,1 степени според Рихтер, е прогласена вонредна состојба.
Според мексиканското Министерство за внатрешни работи, целта на оваа мерка е да се олесни доставувањето на помош на настраданите лица од земјотресите и од претходните удари на урагани. Засега нема информации за жртви при вчерашниот потрес.
Во серијата земјотреси во Мексико, од 7 септември, па досега, меѓу кои три беа со интензитет од над 6,0 степени според Рихтер, загинаа над 400 лица.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација